Од срцето на мама и тато: Да и помогнеме на Стефанија да зачекори!!
Ние сме мајка и татко на нашата Стефанија. Таа има 15 години. И секој нејзин ден е борба – борба за чекор, за стабилност, за малку детска слобода… за живот без болка.Стефанија се роди со тешка дијагноза. Од првиот нејзин здив, таа не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Помина низ неколку операции, гледавме како лежи, трпи, се мачи… а ние, не можеме да направиме многу, освен да ја држиме за рака.
Живееме скромно. Јас сум инвалид. Сопругата и јас правиме се што можеме, но тоа се почесто не е доволно.Сега, по консултација со лекари, добивме мала искра на надеж: во болницата Неуромедик во Ниш и нудат специјализиран третман кој може значително да и го подобри движењето. Терапија што може да и го смени животот. Но, цената е недостижна за нас.
Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни.
?Помогнете и на Стефанија.Секоја донација е глас на надеж.
Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре?
Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.
6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.
Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.
PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.