Ова е нашата мала ќерка Дарија Колоска, која има
8 години и е девојче со Атипичен развој и кај која
СЕУШТЕ НЕМА РАЗВИЕНО ГОВОР. На 2 години приметивме дека нема контакт со очи, не се врти на своето име, нема никаква желба за социјализација и игра сама во свој свет.
Веднаш потоа започнавме со испитувања и посета на дефектолог. Од тогаш почнува нашата голгота од една болница во друга во Македонија и соседните земји, но за жал со никакво решение од медицинските лица и со никаков значителен напредок. Во периодот низ годините состојбата на Дарија се влошува од напади, агресија, самоповредување кое како родители е тешко да го гледаш и да се соочуваш секој ден, а да неможеш да и помогнеш.
Направивме снимање на мозочето каде се утврди дека им ЗАБАВЕНА МОЗОЧНА АКТИВНОСТ која и прави потешкотии за функционирање во секојдневието..
Од неодамна дознавме за центарот "Атлантис " во Белгија кои работат на оваа проблематика. Ги исконтактираме и сега во Фебруари имаме закажано испитувања и третмани кои треба да ги прави Дарија..
Во име на Дарија еден АПЕЛ добри луѓе ако може да донирате кој колку е во можност и да го споделите овој АПЕЛ за да стигне до што повеќе луѓе и да може Дарија да добие шанса да зборува, да се социјализира да се дружи со своите другарчиња и здравје понатаму да се осамостои за да може да се справува со предизвиците на животот..
Однапред благодариме
семејство Колоски?
Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.
6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.
Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.
PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.