495 Донатори
355%
Донирани: 124270.65 EUR Цел: 35000 EUR
Оваа кампања е завршена. Следете ја секцијата Вести за да бидете во тек со новостите за неа и со трансакциите (ако отсуствуваат таки, тогаш кампањата сè уште не е платена).
Организатор
User 8617
Корисник
Beneficiary 1832
Краен датум
Завршена
Расположлив износ
114281.65 EUR
User 8617 организира кампања за Beneficiary 1832

Завршена
 
Расположлив износ
 
114281.65 EUR
Read the campaign news in English Read the campaign news in original language

Досегашните терапии ветуваат успех. Некои метастази се во регресија.

9-ти септември 2025

Терапијата во Турција ни дава надеж за лекување и победа на оваа болест. Тие терапии се за живот на Моника.
Ова не е нешто што може да се реши со оперативен зафат – не е возможно, затоа што ракот е агресивен и се прошири во целото тело за само неколку месеци.Постои ризик на коскената структура, метастази на коски, надбубрежни жлезди и на бели дробови, а примарниот е во десната града. Докторскиот тим во Турција никако не ја зема во предвид операцијата, затоа што е преризично.

Мора со терапии кои се силни и исцрпувачки. Тешко ги поднесува, но се бори. Има хемотерапии, инекции и таблетарна хемо терапија, 3 пати на ден. Сакам да ја слушнам, да разговараме, но таа само спие – преисцрпена е. Единствено ме радува тоа што има волја да се бори.Одењето во Турција е за прегледи, терапии и консултации. Треба редовно да оди се додека не се успее метастазите да се намалат и контролираат. Моника не смее да излезе надвор, а и не може. Само спие. Ако излезе, мора да биде заштитена – да носи капа, долги ракави и маска на лице. Крвната слика се проверува редовно.

Никој не сака да го гледа ова за својт најблизок. Навистина ни е потребна помош. Се бориме со таа болест и секој ден е борба да остане позитивна, да издржи прејака терапија. Таа е позитивна иако има моменти кога е неиздржливо, но за мене и мајка ми најголема надеж и светлина во оваа агонија е што Моника ни ветува дека ќе издржи и ќе победи.Сакам пак да излеземе заедно, да се смееме, да се врати таа моја сестра што беше толку силна и работеше.Сега мора да јаде само био производи, со секојдневен режим на исхрана и сокови. Таа се бори, и ние со неа, но за лек и спас ни се потребни средства што ги немаме.

Досегашните терапии ветуваат успех. Некои метастази се во регресија, но мора да се продолжи – не смее да остане без терапија.Исто така, добива лекови за да се предизвика менопауза, со цел да се уништат хормоните од кои се храни ракот. На сите маки и тоа и е тешко – се поти, бара воздух. Мајка ми спие со неа. Нас многу не плаши тоа гушење, затоа што има метастаза на бели дробови.

Строги правила за исплата на донираните средства

Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.

Лeсно е да донирате

6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.

Преглед на извештај

Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.

Доверлива платформа

PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.