357 Донатори
82%
Донирани: 81677.79 EUR Цел: 100000 EUR
Оваа кампања е завршена. Следете ја секцијата Вести за да бидете во тек со новостите за неа и со трансакциите (ако отсуствуваат таки, тогаш кампањата сè уште не е платена).
Организатор
User 8274
Корисник
Beneficiary 1716
Краен датум
Завршена
Расположлив износ
77595.79 EUR
User 8274 организира кампања за Beneficiary 1716

Завршена
 
Расположлив износ
 
77595.79 EUR
Read the campaign news in English Read the campaign news in original language

Помош за Деки

21-ви февруари 2025

Здраво на сите,


јас сум Кристина сопруга на Деки. На сите што веќе донираа и го споделија овој апел - од срце ви благодариме.

Знаете како викаат сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин...
Тие што поминале низ вакви моменти сигурно барем малку го разбираат миксот на емоции низ кој ние како фамилија поминуваме.
Од тага,нервоза и агонија, до страв и темни сценарија и за крај секогаш надеж, желба, молитви и среќа и за најмалите победи.

Тешко е да си силен за двајца, кога и самиот си тажен, тешко е да си и мама и тато, но најтешки се прашањата.
Кога две малолетни деца имаат многу прашања, а и вие самите не ги знаете одговорите...  
„Кога ќе се вратите со тато? Добар ли е е тато, дали ќе биде подобро?“
Потоа си мислите, колку долг пат изодевме до сега и колку пречки надминавме, сигурно сега не е моментот за да се откажеме.
Деки ја прими првата хемотерапија и веќе е подобро и тоа е она што на сите ни дава мотив за понатаму!

Секоја донација за нас значи надеж, надеж дека нашиот супер-тато ќе оздрави, ќе се врати дома, дека сите заедно ќе јадеме пица, или ќе одиме на одмор, дека ќе гледаме филм
и ќе се расправаме за небитни ситници - она што за некого е едно досадно секојдневие за мене и моите деца е сон и желба...
Ве молам помогнете ни да го спасиме Деки и да се надеваме дека за скоро и од него лично ќе слушнете колку е благодарен.

Строги правила за исплата на донираните средства

Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.

Лeсно е да донирате

6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.

Преглед на извештај

Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.

Доверлива платформа

PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.