2679 Донатори
602%
Донирани: 632378.95 EUR Цел: 105000 EUR
Оваа кампања е завршена. Следете ја секцијата Вести за да бидете во тек со новостите за неа и со трансакциите (ако отсуствуваат таки, тогаш кампањата сè уште не е платена).
Организатор
User 6617
Корисник
Beneficiary 1290
Краен датум
Завршена
Расположлив износ
628623.17 EUR
User 6617 организира кампања за Beneficiary 1290

Завршена
 
Расположлив износ
 
628623.17 EUR
Read the campaign news in English Read the campaign news in original language

Туморот се врати,Никодим сега е во критична состојба!!

24-ти ноември 2025

Update:24.11.2025
Секој родител живее за насмевката на своето дете… а јас, веќе подолго време, се борам да ја видам насмевката на мојот Никодим повторно. ?

Мојот син има само четири години, а веќе помина низ болки што ниеден возрасен не би ги издржал. Пред една година ја преживеа својата најтешка битка – операција на тумор на главата и поставување шант. Сите се надевавме дека тоа ќе биде крајот на страдањето, дека конечно ќе започнеме ново поглавје, без болка, со надеж.

Но, животот повторно ни го скрши срцето. Туморот се врати – овој пат двојно поголем и многу поагресивен.
Никодим сега е во критична состојба и му е потребна ИТНА операција, по што ќе следат хемотерапии и радиотерапии. Професорот ни кажа дека времето е клучно и дека секое одложување може да го чини животот на моето дете.

Секој ден за нас е борба со страв, со немоќ, со неизвесност. Секое негово „мамо“ е потсетник зошто морам да бидам силна – дури и кога сè ме боли. ?

Знам дека не можеме сами.
Затоа, со скршено срце, но со огромна вера во добрината на луѓето, ви се обраќам:?Помогнете му на мојот Никодим.

Секоја донација, секое споделување, секој збор на поддршка е дел од неговата борба за живот.
Да се обединиме и да му ја дадеме шансата која секое дете ја заслужува – да живее, да расте, да се смее, да си игра без болка. ?

Од дното на моето срце ви благодарам на сите што сте дел од нашата приказна.
Вашата помош за нас не е само хуманост – таа е живот.?

Строги правила за исплата на донираните средства

Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.

Лeсно е да донирате

6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.

Преглед на извештај

Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.

Доверлива платформа

PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.