Драги хумани луѓе,
Со срце полно благодарност Ви се обраќа мајката на Војдан. Благодарение на вашата поддршка и донации, нашиот син започна со терапиите – и резултатите се повеќе од охрабрувачки.✨
По само еден циклус од третманот, промените се веќе видливи: Почна да одговара на прашања ?️
Ни кажува што јадел во градинка ?️
Веднаш се врти и реагира кога некој ќе го повика по име ??
Овие мали, но огромни чекори се доказ дека сме на вистинскиот пат. Но овој пат е долг – и самите не можеме да го изодиме. Затоа, повторно се обраќаме до вас – хуманите срца кои му ја даваат шансата на Војдан да продолжи да напредува. ?
⏳Следниот циклус од терапијата е клучен. Ве молам, донирајте колку што можете – секој денар значи можност за подобар живот за нашето дете. ?
Од дното на моето срце – БЛАГОДАРАМ.
За надежта. За поддршката. За љубовта што ни ја давате.?
Платформата PavelAndreev има јасно дефинирани правила за исплата на донираните средства за медицински кампањи. Тие гарантираат дека сите средства ќе бидат наменски искористени за лекувањето и за придружните трошоци. Сите документи за кои е направено плаќање се видливи во секцијата Вести.
6 лесни начини да ја направите вашата донација – картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut, IBAN.
Во секцијата Вести ќе најдете информација од иницијаторите на кампањите.
PavelAndreev е најбезбедната платформа за организирање на твојата следна кампања.